Marketing

Да се соочиме со фактите, ние живееме во свет на Google. Ако треба да најдеме нешто на интернет, тоа го правиме преку Google, за насоки се консултираме со Google Maps и се разбира да не заборавиме дека Google ни помага со нашата електронска пошта и со зачувување на нашите податоци на нивните сервери, правејќи ги универзално достапни.

Google има нешто друго што може да му понуди на Вашиот бизнис, а тоа е: Google My Business платформата преку која се менаџира појавувањето на Вашиот бизнис на интернетот, кое пак на Вашите потенцијални клиенти им нуди повеќе информации за Вашиот бизнисот и за тоа како тие можат наједноставно да Ве пронајдат и исконтактираат.

Големите брендови не се помислија два пати дали да ги искористат овие услуги што Google ги нуди и тоа е една од причините зошто тие котираат високо на капиталистичкиот пазар на 21-ви век. Брендови како VIP Оператор, Vodafone, Porsche, Тиквеш и многу други, бележат висок успех на пазарот токму поради помошта од оваа релативно нова платформа која е вид на усовршен систем на огласувње на Вашиот бизнис на интернетот.

Сите овие брендови знаат како да ја искористат статистиката и аналитиката на интернет собраќајот понудени од Google што доаѓа до нивните веб страници и бизнис локации на Google Maps и Google Search. Така тие поуспешно знаат да го подобрат истиот на начин што секогаш имаат претства што нивните корисници бараат од нив за да можат успешно да им го понудат, без притоа да трошат непотребно пари на фактори кои ќе им дадат помалку плод. Покрај статистиката која е совршено разработена од системот на Google, бизнисите имаат и пристап до бројките што Google Мaps ги нуди, односно можете да следите од каде Вашите потенцијални клиенти пребаруваат кога бараат насоки до Вашиот локален бизнис, што Ви дава подобра идеја за каде и каква демографија треба да следите за да имате успешни маркетинг кампањи во иднина.

Покрај горенаведеното, една од најнепосредните алатки кои Вашите клиенти, но и Вие, ги имате за меѓусебна комуникација е опцијата за рецензии и коментари од клиентите за Вашиот бизнис. Позитивните мислења кои ќе бидат упатени на Ваша адреса можат да поттикнат други клиенти да станат Ваши купувачи или корисници на Вашите услуги што е одлична реклама само по себе. Имајте на ум дека некогаш овие мислења можат да бидат и негативни, но тоа не го сфаќајте лично, туку напротив, тие некогаш се и покорисни од позитивните бидејќи ќе ја знаете точната причина. Доколку повеќемина дадат слично мислење за некоја работа, можеби е време за промена, нели?

Google исто така Ви овозможува и предност пред вашата конкуренција онлајн. Размислете да најмите Google Trusted Photographer односно “фотограф“ или “агенција од доверба“ кој може да го сними Вашиот објект во 360 стпени виртуелна “прошетка“ со што ќе им понудите на клиентите целосен и комплетен преглед на тоа кои сте Вие и што го нудите. Виртуелната прошетка ќе ја изгради довербата со Вашите потенцијални клиенти а тоа ќе резултираат со повеќе посетители во Вашата локација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment