Информации за проектот

Го создадовме ПРВИОТ ИНТЕРАКТИВЕН ВИРТУЕЛЕН ШОПИНГ ЦЕНТАР!

 

Единствениот “Reatil Park” во регионот, достапен да биде комплетно запознаен – виртуелно!

 

Интерактивен Виртуелен Шопинг Центар, за прв пат во регионот, е “Point Retail Park” во Скопје. Првиот шопинг центар, кој овозможи да биде запознаен виртуелно во целост. Сите потенцијални посетители од земјава и странство, сега можат да се запознаат со овој шопинг центар, уште пред да се одлучат да го посетат. Единствено им треба интернет конекција!

Благодарение на чуството и потребата за инвоативни решенија, “Point Retail Park” се согласи да постави нови стандарди во оваа дејност. Имено, нивниот менаџмент без двоумење, прифати да ја преземе улогата на лидер во својата бранша, за овој тип на иновација!

Што изработивме за нашиот клиент…

Интерактивна Виртуелна Посета:

Интернет корисниците, сега имаат можност да ја запознаат оваа локација, во целост, пред да се појават таму. Користејќи ги нивните интерент уреди, можат да го посетат овој шопинг центар и да се запознаат со сите содржини. Преку оваа посета, достапни се сите информации како:

  • Информации за “Point Retail Park” како опис за брендот и локацијата, контакт информации и врска до нивниот Facebook и Instagram профил и работно време.
  • Брендовите со опис за компанијата, телефонски број, линк до интернет страница, Facebook и Instagram, како и работно време
  • Визуелен приказ на макро локација (дронски), микро локација снимена со автомобил и микро локации снимени во форма на човечко движење

Google Виртуелна Посета

Снимен во детали и висука резолуција, “Point Retail Park” е сега достапен да биде посетен виртуелно преку платформите на Google. Корисниците можат да ја посетат оваа локација, преку најкористената апликација за пребарувања на локации – Google Maps! Преку овој приказ, презентирани се сите области од објектот во детали како:

  • Дронски поглед, со цел да се добие претстава за локакацијата на објектот
  • Пристап со автомобил, со цел да се запознаат посетителите со начинот на движење во објектот со возило
  • Пристап во секоја објект на брендовите и самиот центар, со цел посетителите да се запознаат со содржините

Изработен Google Street View – ажуриран уличен приказ:

Уличниот приказ во нашиот град прв и последен пат од Google е изработен во 2015та година. На тој приказ се гледаат стари објекти, кои даваат погрешна слика за оваа улица и околината. (стариот приказ можете да го погледнете ТУКА

Со цел потенцијалните посетители да дознаат како да стигнат до “Point Retail Park” нашиот тим го ажурираше уличниот приказ со 2 појдовни точки и тоа:

Google Street View - уличен приказ од крстосница - ул. Македонско Косовска Бригада и ул. Втора Македонска Бригада

Појдовна точка со автомобил и движење по улица од крстосница – ул. Македонско Косовска Бригада и ул. Втора Македонска Бригада.

Google Street View - уличен приказ од Булевар Словенија кон крстосница со ул. Македонско Косовска Бригада.

Појдовна точка со автомобил и движење по Булевар Словенија према влезот во Point Retail Park

Започнуваме со активно менаџирање на Google профилот на “Point Retail Park”

(Интерактивен Виртуелен Шопинг Центар):

 

Отсега и оваа бизнис локација, ќе биде подостапна за корисниците на Google! Оние кои во иднина ќе пребаруваат “Shopping Mall near me” “Shopping Mall Skopje”, “Outlet Mall” “Outlet Mall near me”, “Shopping Center Macedonia” и слични фрази, ќе дојдат до локацијата на “Point Retail Park”.

По селектирањето на локацијата, корисниците:

  • Ќе можат да се запознаат со сите детали за локацијата како адреса, телефонски број, работно време
  • Ќе можат да кликнат за директна врска до нивната интернет страница или да се јават директно во “Point Retail Park”
  • Да ги разгледаат сите фотографии од локацијата, објавени од сопственикот или посетителите
  • Да се запознаат со актуелностите, објавени во форма на “Post”, промоција, известување, производ и сл…
  • Ќе можат да ги причитаат коментарите и да ги погледнат оцените од посетителите, на кои ќе биде одговорено од менаџментот
  • Директно да пишат порака, преку Google
  • и секако, да го посетат виртуелно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment