Информации за услугата

Денешното темпо на развојот на бизнис општеството ни наложува да се адаптираме кон специфичните барања на нашите клиенти, кои се помалку имаат време физички да бидат присутни онаму каде што ние сакаме, со цел да оствариме поефикасна комуникација и продажба.

За таа цел, постои услуга која нашиот тим ја обезбедува, да Вашите клиенти од удобноста на својата канцеларија или дом, од нивниот персонален компјутер или мобилен уред, имаат можност да се запознаат со Вашата понуда на недвижен простор за издавање или продажба.

Тие сега, можат виртуелно да го посетат објектот и првично да се запозаат со него, со цел да одлучат дали се заинтересирани за понатамошниот процес на соработк, а притоа да го заштедат сопственото и Вашето време и енергија.

Виртуелна посета на деловен простор - канцеларии

Виртуелна посета на простор за живеење - стан

Информации од технички карактер

Нашиот тим од професионални фотографи доаѓа во Вашиот објект/и со цел да ги сними, а потоа истите ги преработува во специјални софтверски платформи. Квалитетот на снимките е во висока резолуција, со цел да бидат доловени сите детали на просторот.

На самите виртуелни посети се вградува интерактивно мени, достапно во горниот лев агол на екранот, како би им овозможиле на посетителите да се упатат директно во просторијата или областа од интерес (на пр. канцеларија, магацин, влез, кујна, бања…). Со цел да споделите повеќе детали за просторот, на долната лева страна на екранот се наоѓа икона “голобус“ во која може да биде содржан директен линк до останатите детали и информации за конкретниот простор.

Виртуелните посети ќе бидат достапни на Вашата интернет страница, со можност истите да ги објавите и на “Facebook Fun” страницата, како и да ги споделите на други интернет портали, платформи или социјални медиуми.

Следејќи ги трендовите на социјалните медиуми, овој начин на претставување лесно може да биде споделен со Вашите следбеници на социјалните мрежи, и да биде искористен во спонзорирани кампањи.

Исто така, оваа виртуелна тура може да биде претставена и погледната преку симулирана виртуелна реалност, со помош на соодветни уреди (“3D“ наочари и други “3D“ уреди), па така Вашиот потенцијален купувач ќе има чуство како да се наоѓа во самата просторија.

Ви требаат повеќе информации?