Google Maps - најкористена апликација за пребарувања на локации!
Google Maps – најкористена апликација за пребарувања на локации!

Дали знаете која апликација е најкористена за локални пребарувања?

Времето кое го поминуваме на социјалните мрежи е со цел да се информираме и забавуваме. Секако имаме потреба од пребарување и пронаоѓање на бизнис локации, производи и услуги.

Најлесниот, најбрзиот и најточен начин за пронаоѓање на локации е секако Google Maps.

Google е интернет платформа со апликации достапни на секој понов тип на електронски уреди. Веќе секој смарт телефон, таблети и компјутери има инсталирано Google Maps, Google Search, Google Street View. Тоа значи дека секој интернет корисник има пристап до Google и неговите апликации.

Овој податок кажува многу!

Како сопственик или менаџер на бизнис, запрашајте се дали сакате Вашите потенцијални клиенти да имаат можност да Ве пронајдат на Google, брзо, лесно и едноставно?
Дали сакате тие да дознаат што повеќе информации за локацијата, производите и услугите кои ги нудите?
Да имаат можност да:
– дознаат каде се наоѓате,
– се информираат до колку часот сте отворени,
– го дознаат Ва телефонски број со цел да Ве контактираат,
– Ве контактираат преку порака, директно преку Google Maps
– ги погледнат Вашите фотографии од производи, услуги, самата локација ентериерно и екстериерно, како и фотографии од други корисници
– ја посетат Вашата бизнис локација виртуелно

Нашиот тим е обучен, сертифициран и подготвен да го овозможи тоа!

Референца SeeInsideMK Септември 2019
Дел од нашата успешна приказна, раскажана преку нашите среќни клиенти!

Посветени сме на оваа проблематика од 2015-та година. Активно ги спроведуваме овие услуги низ Балканот и тоа во Македонија, Грција, Албанија и Косово.
Нашата референтна листа говори за нашата посветеност и професионалност.
Безброј пати бевме ангажирани од добро познати брендови. Во моменти кога тие имаа потреба од достапност на Google но и кога се соочува со проблеми со нивните локации нè побараа нас .
Тимот на SeeInsideMK до сега има поставено, верификувано и оптимизирано повеќе од 850 локации на Google Maps и Google Search. Клиентите кои нè ангажираа за овие услуги, сега самите имаат можност да ги менаџираат податоците за сопствените локации. Можат да:
– објавуваат фотографии,
– да променуваат работно време, телефонски број или врската до интернет страницата
– да одговараат на коментари од своите клиенти.

Контактирајте нè и Вие, доколку сметате дека достапноста на Google на Вашиот бизнис е од големо значење, но и доколку постојат проблеми со кои неможете самите да се справите!

Leave Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

clear formSubmit