КН Студио - Дојран, Македонија

Информации за проектот

КН Студио се првите апартмани во Дојран, достапни на Google.

Дојран полека го враќа својот сјај од минатото. Познат како една од најпосетените дестинации во Македонија во летниот период. Денес Дојран е најпосетен од оние кои патуваат кон или се враќаат од Грција.

Дојран е тивко место за одмор и релаксација. Познато по своето езеро кое е богато со флора и фауна. Лековитите алги кои цутат во Август се уште една карактеристика на ова место.

Покрај природните убавини, Дојран нуди и богато гастрономско уживање. Дојрански крап, плескавици од икра, млечка од сом, црвеноперка и слични специјалитети се секогаш достапни во мениата на рестораните.

Голем дел од овие параметри, како и близината на Дојран до граничен премин со Грција се причини за зачестените преноќувања на европските патувачи. Најголем број од посетителите се од Србија, Чешка, Словачка, Босна и други земји. Сите тие се во потрага по достапна локација за одмор. Обезбеден паркинг, приватен тоалет, близина до езерото и до рестораните, како и тивката област каде се наоѓа КН Студио ја прави оваа локација атрактивна.

Со цел потенцијалните гости да се запознаат со сите потенцијали, сопствениците на КН Студио одлучија локацијата да биде соодветно видлива и достапна на Google. Како најкористена апликација за пребарувања, Google Maps сега обезбедува комплетни информации за овие апартмани.

Потенцијалните гости сега можат:

  • лесно да го пронајдат КН Студио на Google Maps
  • да го контактираат директно преку телефон или Google пораки
  • да се запознаат со понудата
  • КН Студио да биде првиот избор за нивниот престој.

Според анализите на Google, овие апартмани добија повеќе од 10 резервации. Резервациите беа направени преку Google Messages, директно достапни на Google Maps апликацијата. Пораките ги добива сопственикот или менаџерот. На овој начин договарањето со гостите е непосредно. Притоа се избегнуваат големите давачки кои сместувачките капацитети ги издвојуваат за Booking, Airbnb, Expidia и слични платформи за резервации.

Доколку сметате дека и Вашиот апартман или хотел треба да биде достапне на Google, побарајте не!

Виртуелна посета

Локација на Google Maps

Leave Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

clear formSubmit