BusinessНов Дом

Нов Дом – Иднината на купувањето стан уште пред да биде изграден!

Нов Дом

Секоја одлука за купување нов дом е голем чекор – емоционален, финансиски и семеен.

Но што ако можете да прошетате низ Вашиот иден стан уште додека зградата е во изградба? Благодарение на новите технологии, тоа веќе е реалност!

Компанијата Жикол, една од водечките градежни фирми во Македонија, прва ја имплементираше виртуелната тура во 360° и 3Д визуализација за станови што сè уште не се изградени. Со ова, тие им овозможуваат на потенцијалните купувачи да го „доживеат“ просторот, амбиентот и распоредот на својот иден дом, без да чекат да заврши градбата.

Оваа иновативна презентација стана возможна токму благодарение на нашето знаење и искуство во креирање реалистични виртуелни обиколки, кои совршено го прикажуваат секој детаљ на просторот. Од дневната соба, до кујната спална, тоалет и детска соба – сè е достапно за интерактивно истражување, од било каде и во секое време.

Еве како изгледа:

Упатство за користење:

Instructions

Зошто 3Д виртуелната тура е важна при изборот на дом?

  • Реален преглед пред купување
    Наместо да се потпирате само на фотографии или на замисли, добивате чувство како вистински да се наоѓате во станот.

  • ⏱️ Заштеда на време и пари
    Без потреба од физички посети на локација, особено ако сте од друг град или во странство.

  • Подобра одлука, помал ризик
    Кога однапред знаете како ќе изгледа Вашиот дом пред да инвестирате, се намалуваат изненадувањата, незадоволството и проблемите.

Како функционира виртуелната тура во пракса?

Виртуелната тура/ посета е интерактивно искуство што им овозможува на посетителите да се движат низ просторот со само неколку кликови. Со помош на специјализирана опрема и софтвер, се креира 3Д и 360° содржина на ентериерот кој овозможува прецизна навигација и реалистично доживување.

Посетителот може да зумира, да се движи низ различни простории, да види детали како материјали, текстури, распоред на мебел или осветлување. Дополнително, се овозможува и вклучување на елементи како мерки, дополнителни информации, па дури и опции за прилагодување на боите и стилот на ентериерот.

Придобивки за инвеститорите и градежните компании

Имплементирањето на ваков тип презентација не е само маркетиншка алатка – туку иновација и конкурентска предност. Градежните компании кои инвестираат во дигитална трансформација, особено кога објектите се во рана фаза, ги добиваат следниве бенефити:

  • Поголема доверба од клиентите: Прозрачноста и јасната визуелизација на идниот простор влијаат врз перцепцијата кон сериозноста и професионалноста на инвеститорот.

  • Подобрена продажна стратегија: Можноста за дигитална презентација ги олеснува состаноците со заинтересирани страни, агенции за недвижности и странски купувачи.

  • Намалување на недоразбирања: Потенцијалните купувачи точно знаат што добиваат, што значително го намалува бројот на рекламации и барања за измени во текот на градбата.

  • Унапредена онлајн комуникација: Интегрирањето на 3D и 360 турата во веб-страници и кампањи придонесува за повисок ангажман и подолг престој на посетителите на интернет страната.

Технички Можности на “360/ 3D tura”:

  • Вградена на Вашата интернет страница; на овој начин ги задржувате посетителите на Вашата страница и добивате поголема релевантност
  • Достапна 24/7 од било кој интернет уред; додека потенцијалниот купувач се наоѓа било каде (со интернет врска), го искусува просторот виртуелно
  • Хостирана на Ваша серверска инфраструктура; без скриени трошоци за функционалност, без годишни или месечно претплати
  • Комуницирање преку Социјални Медиуми; линк врска за споделување во објави, Reels, Shorts, Story и сл. на платформи како Facebook, Instagram, LinkedIn, YouTube, TikTok, Tweeter (X) и сл… Од нас ќе добиете проактивен пристап за поголем “engagement”
  • “Live Presenter”; Онлајн алатка за Вашиот продажен тим, кој може да повика купувач на интерактивна тура кој тимот ќе ја води. Особено практична за купувачи надвор од градот или државата која ќе го оптимизира скапоценото време на тимот и купувачот и ќе ги намали трошоците за посета на терен.

“360°/ 3Д Tour”, вградена на интернет страницата на Жикол:

 

Линк до нивната Интернет Страница

Иднината на претставувањето недвижности

Како што се менуваат навиките на потрошувачите, така и пристапот кон презентацијата на станбени објекти мора да еволуира. Физичките макети и класичните 2Д планови и фтографии веќе не се доволни. Интерактивната 360° тура е новиот стандард, кој не само што информира – туку и инспирира.

Технологијата продолжува да се развива, а со неа и можностите: виртуелна реалност (VR), проширена реалност (AR), персонализирани модели според желбите на купувачот, па дури и вештачка интелигенција која може да предложи оптимален распоред според стилот на живеење.

Нашата мисија е да им помогнеме на градежните компании, агенциите за недвижности и самите купувачи да го лансираат процесот на продажба, презентација и купување во 21-от век – попрецизно, потранспарентно, возбудливо и многу поинтерактивно.

Доколку и Вие сакате да ги прикажете Вашите објекти преку виртуелна тура во 360°, ние сме ја имаме експертизата и сме тука да помогнеме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment