Ресторан Крим

Информации за проектот

Ресторан Крим е нашиот најнов проект во Гевгелија! Како и секој искусен менаџмент, и тимот на Крим ја откри потребата да биде достапен на Google.

Ресторан Крим е најновото урбано место за дневно и вечерно ужување во Гевгелија. Место кое нуди медитеранска кујна зачинета со локални производи. Мајсторите готвачи се секогаш подготвени да ги допрат сетилата на секој гостин. Персоналот е подготвен да го дочека и најпребирливиот гастроном. Уживателите на добро вино се секогаш добредојдени. А оние со “сладок заб“ ќе пронајдат несекојдневно десертно искуство.

Гевгелија е позната по квалитетните ресторани. Нивната понуда, услуга и амбиент мора секогаш да бидат на највисоко ниво. Причина за тоа е што овој град преку целата година прима огромен број странски посетители.

Знаејќи дека задоволниот гостин секогаш се враќа, Ресторан Крим континуирано се труди да стави трајна насмевка на лицата на своите гости!

Сместен е во мирен дел на градот. Опкружен е со резиденцијални објекти. Вистинско место за уживање во пријатен и тивок амбиент преку ден.

Но Крим приредува и програма со жива музика и настапи на домашни и странски уметници најчесто навечер.

Програма наменета за секој кој знае и сака да ужива.

Потребата Ресторан Крим да биде полесно пронајден беше голема. Тоа и беше причината што Ресторан Крим го ангажирање нашиот тим!

SeeInsideMK веднаш го прифати предизвикот.

Се погриживме Крим…:

  • да биде соодветно поставен на Google Maps и Google Search. (како најкористени платформи за пребарување на локации во светот)
  • локацијата да биде верификувана и оптимизирана. (со цел истата да излегува меѓу препорачаните резултатит при пребарувања на ресторани, барови, кафетерии и сл…)
  • ресторанот да биде фотографиран и снимен за Google со виртуелна посета. (со цел потенцијалните гости да се уверат во убавината и амбиентот кои Крим ги нуди) Тие сега можат да го посетат Крим од било каде во светот, преку Google!
  • да ги презентира своите специјалитети, промоции и настани преку фотографии и објави, достапни на Google.
  • да има можност да биде контактиран преку порака за резервации, директно преку Google Maps
  • ресторанот да има можност да биде посетен виртуелно и преку нивната Facebook страница. (За посета на Крим преку МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН кликнете тука. За посета преку ДЕСКТОП или ЛАПТОП, кликнете тука.

Маркетинг тимот на Ресторан Крим, сега има пристап до платформата на Google.

Преку оваа платформа, тие се во можност да:

  • објавуваат фотографии
  • споделуваат промоции, информации или настани
  • одговараат на коментари од гости
  • менаџираат информации како работно време, промена на телефонски број и сл…
  • следат аналитики и статистики од Google за тоа колку е пребаруван Крим на Google, колку пати се прегледани фотографиите, колку телефонски позиви добиле преку Google и сл…

Нашиот тим е среќен што има можност да биде најактивен во Гевгелија и регионот!

Кликнете ТУКА и дознајте кои други бизнис локации од Гевгелија се достапни на Google!

Ако и Вие сметате дека Вашата бизнис локација треба да биде соодветно поставена, полесно и целосно достапна на Google, контактирајте не!

Виртуелна посета

Позиционирање и верификација на Google Maps

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment