Vip Antarias

Информации за проектот

“Vip Antarias” – Македонија, објавен на Google. Во соработка со “Vip” телеком операторот, нашиот тим се погрижи “Antarias” да биде достапен на Google!

Антариас е фирма основана во областа на телекомуникациите во 1997 година. Обезбедува услуги од областа на  мобилната телефонија, телефонски апарати, дополнителна опрема, GPS и друга трговија. Антариас како докажана компанија нуди широко портфолио на производи и услуги за своите резиденцијални и бизнис корисници.

Со својот позитивен имиџ и континуиран раст и развој Антариас од 2007 година станува партнер на Вип Оператор –Македонија.

Долгогодишното функционирање во полето на телекомуникациите и услуги исто така го прави реномиран соработник и овластен дилер за повеќе други реномирани брендови од оваа област.

“Vip Antarias” нуди:

  • Мобилни уреди (телефони и таблети) од светски познати брендови
  • Аксесоари за мобилни уреди
  • Телекомуникациски услуги од Вип Оператор
  • Сервис и резервни делови за мобилни уреди

На територијата на Македонија, Антариас е присутна со 15 сопствени продажни салони. А додатни 10 продажни салони се на партнерски фирми. Тие соработуваат со нашата фирма и работат под истиот бренд.

Со цел продажните салони на Антариас да бидат подостапни, тимот на SeeInsideMK се погрижи:

  • сите локации бидат позиционирани на Google Maps и Google Search
  • да бидат верификувани и оптимизирани за полесно пребарување и пронаоѓање
  • обезбеди пристап за менаџментот на Antarias со цел тие да ги контролираат податоците и информациите. (да објавуваат фотографии, да одговараат на рецензии, да споделуваат промоции…)
  • постави соодветни фотографии за полесно препознавање на брендот
  • сними и објави виртуелни посети за локациите во Буњаковец и Неготино

За маркетинг секторото на Antarias, достапни се аналитички податоци од Google. За секоја локација, тие можат да дознаат:

  • преку која платформа се пребарани и откриени
  • од каде се најчестите пребарувања
  • колку телефонски повици примиле преку Google
  • колку пати е кликнато на нивната интернет страна
  • број на прегледи на фотографиите и виртуелните посети.

Овие опции ќе помогнат Antarias да може органски да биде полесно пронајден преку Google. Благодарение на услугата, шансите “Vip Antarias” да биде одбран од потенцијалните клиенти, се зголемуваат за 50%.

Виртуелна посета на Antarias - Буњаковец

Виртуелна посета на Antarias Неготино

Позиционирање и верификација на Google Maps

Кликнете на фотографијата, да ги погледнете локациите на Vip Antarias на Google Maps.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment