Дали сте знаеле дека Google овозможува презентација на производи?

Како и секогаш, лидерот во интернет технологиите – Google, со нова иновативна опција за презентација на производи. Специфична опција, која премиерно беше лансирана од Google, пред да се појави на другите социјални медиуми.

Секогаш први во опсегот на услуги, од Google создадоа опција за секоја бизнис локација која нуди производи и услуги, да ги прикаже на светот во детали.

За што станува збор…

Се повеќе интернет корисници пребаруваат производи на Google. Земајќи го во предвид новото “нормално“, интернетот стана првото и најисползувано место за добивање информации за производи и услуги. Информации како достапност, цена, карактеристики, локација на продажба и сл…

Имено, кога корисникот би побарал очила за сонце, Google ќе ја земе во предвид секоја продавница за очила која:

  • се наоѓа во непосредна близина на пребарувачот
  • е отворена во моментот или отвара наскоро
  • се наоѓа во географската област од интерес на купувачот
  • ги има објавено сите податоци како адреса, телефонски број, интернет страна, работно време, фотографии и сл…
  • има објавено т.н. каталог на производи по групи, со име, опис, фотографија од производот и цена (опционално)
Производи на Google
Продавница за очила, на Google

Според истражувањата на Google, секоја локација која ги содржи комплетните информации, вклучувајќи ги и “каталозите“ за производи, има 50% поголеми шанси да биде кликната/ избрана, од потенцијалниот клиент. Откако клиентот ќе ја избере, тој може да се запознае со сите останати детали кои му се потребни. На овој начин, локацијата гради доверба со клиентот, бидејќи му го презентира сите детали за себе и своите производи/ услуги.

Како изгледа еден Google онлајн каталог:

Постои можност да се креираат неограничен број на групи. Секоја група си добива свое име, кое сопственикот ќе го избере. На сликата се прикажани категории на Козметика и Алкохолни Производи. Секоја категорија во себе содржи производи со фотографија, опис, цена а постои можност да се вметне и линк до одредена интернет страна.

Оваа опција е посебно добредојдена за оние компании кои нудат Online продажба. На тој начин, посетителот ќе “слета“ директно до производот, со можност веднаш да го нарача.

Производи на Google
Презентација на производ со линк до интернет страна.

Услуги се исто така достапни на Google

Освен производи, Google овозможува каталошко презентирање на услуги кои компанијата ги обезбедува.

Така на пример, Биотек Лабораторија од Скопје, на својот Google профил има објавено голем дел од услугите, кои се достапни за секој корисник на смарт уред: