Дали Вашиот Вебсајт и Бизнис локација се соодветно достапни на интернет?
Вебсајт и Бизнис локација во дигиталната ера не смеат да бидат занемарени. SEO или “Search Engine Optimization” е камен-темелник за “online” видливоста и успехот на еден бизнис. Кога рангирањето на еден вебсајт е високо, тој ужива зголемена видливост, кредибилитет и сообраќај. Ова е од круцијална важност за привлекување на потенцијални клиенти, поставување бренд-авторитет и и на крајот, поттикнување на раст на бизнисот.
Важноста на рангирање на еден Вебсајт:
Еден од клучните бенефити од високо рангирање на Вебсајт е видливоста во пребарувањата. Мнозинството на интернет корисници кликаат на првите резултати при пребарување на интернетот. Па така, Вебсајт кој е рангиран високо е поверојатно да биде кликнат. Високото рангирање кое зголемува видливоста не само што ги зголемува шансите за привлекување на органски сообраќај, туку придонесува и кон градење на “Brand Awareness”.
Кредибилитетот е уште еден витален аспект, поврзан со рангирањето. Корисниците често го асоцираат високото рангирање со доверба и авторитет. Кога една страница често се појавува меѓу првите резултатит, таа влева доверба меѓу корисниците и ги тера да ја кликнат и посетат таа страна. Овој фактор на доверба е фундаментален за конвертирање на посетители во купувачи.
Ќе ги споменеме најкористените интернет пребарувачи, редоследно:
- Google е неприкосновено прв, со повеќе од 91% од пребарувањата во светот
- Bing е на второто место со 3,38%
- Yandex го држи 3то место со 1.65%
- Yahoo е близу со 1,12%
… останатите пребарувачи и не вреди да се спомуваат, бидејќи се под 1%.
Вреди да се спомене дека високото рангирање на пребарувачите има директно влијание врз интернет сообраќајот. Мнозинството корисници ретко ја надминуваат првата страница на резултатите од пребарувањето. Тој факт е императив за еден вебсајт да ја осигура позицијата на првата страна. Зголемениот сообраќај не само што ја проширува публиката, туку го засилува потенцијалот за генерирање на продажба и интерес.
Вашата Бизнис Локација на интернет пребарувачите…
Да се има постоечка и добро оптимизирана локација на интернетот за Вашиот бизнис, е од клучно значење во денешната дигитална ера. Онлајн видливоста и пристапноста играат клучна улога во привлекувањето клиенти и поттикнувањето на растот на бизнисот. Гугл, како најшироко користен пребарувач на глобално ниво, стана најпогодна платформа за потрошувачите кои бараат информации за локалните бизниси.
Како број 1 пребарувач на локации во светот, повторно се позиционира Google, и неговите Maps и Search. Еве неколку важни факти:
- преку Google Maps се случуваат 1 билион пребарувања месечно
- 41% од сопствениците на “smart” телефони ја отвараат Maps барем еднаш неделно
- 67% од сите корисници на апликации за мапи, ја одбираат Google Maps апликацијата
- 77% интернет корисници (од 16 до 64 години), користат Google Maps
Па затоа, соодветно поставена, верификувана и оптимизирана локација на Google не само што го подобрува онлајн присуството на бизнисот, туку и значително влијае на неговиот севкупен успех. Корисниците на Google Maps, често вклучуваат и клучни зборови во пребарувањата како и фрази од типот: “отворено во моментов“, “оцена минимум 4.5“, “нуди плаќање со картичка“ и сл… Google Maps локација е место каде што се достапни репрезентативни фотографии (Ваши и од Вашите клиенти), лого, телефонски број, линк до интернет страница, коментари од Вашите клиенти и многу други информации. Секоја информација игра важна улога во видливоста на Вашата локација на Google.
Вреди да се спомене и платформата “Bing Places” која наликува на Google Maps но е производ на “Microsoft” и користи информации од Bing Maps. Колку и да е послабо користена како платформа, сепак една локација е важно да биде присутна и на Bing.
Ангажирањето на експерти за оптимизација на Вашиот Вебсајт како и локална оптимизација на Google и Bing, како што е тимот на See Inside MK, може да биде клучен за постигнување на овие цели.