Мега Куманово

Информации за проектот

Мега Куманово е првата македонска компанија од својата бизнис категорија, достапна на Google. Сите корисници на Google, кои пребаруваат плочки, санитарии, подови, алати и други градежни материјали, ја добиваат Мега, како препорачана локација за посета.

Мега ДОО е формирана во 1992 година. Започнува да функционира како проектантско биро со само неколку стручни вработени лица. Како главна предодредба во тоа време беше изработка на планови и проекти за индивидуални стамбени згради. Со текот на времето и настаните, Мега зема учество и во изведба на поедини фази на стамбените згради.

Градејќи го своето реноме и стекнувајќи го своето искуство, Мега Куманово добива поттик за создавање на една визија: што Мега всушност треба да биде во иднина.

Денес Мега Куманово располага со 3 објекти на 3 различни локации. Еден од тие објекти е стовариште за градежни материјали, а 2 се ултра модерни изложбени салони.

2те локации во Куманово и едната во Скопје нудат огромен избор на:

  • Градежни материјали
  • Материјали за опремување и изведба на ентериер и екстериер (бањи, купатила, соби, канцеларии, тераси, дворови и сл…)
  • Соларни решениа и климатизација
  • Рачни и електрични алати и апарати

Во Мега Куманово работат над 60 професионалци во својата дејност. Со овој потенцијал, Мега Куманово обединува голем број на активности и услуги. Нуди увоз, подажба и дистрибуција на градежни материјали и опрема. Обезбедува монтажа и професионални совети за своите производи. Настојувањето да се биде секогаш во чекор со времето резултира со секогаш актуелна и богата понуда на материјали и опрема.

Доближивањето на Мега Куманово кон своите потрошувачи, беше доверено и на тимот на SeeInside MK. Задачата Мега да биде презентирана и на светскиот интернет пребарувач бр.1 Google, беше голем предизвик за нашиот тим.

3те локации на Мега Куманово се сега:

  • Достапни на Google Maps и Google Search да бидат полесно пронајдени
  • Верификувани и оптимизирани, кои можат да бидат откриени со користење на фрази и клучни зборови за производите и услугите кои ги нудат
  • Фотографирани и снимени за Google виртуелна посета, со цел да ги запознаат своите потрошувачи со капацитетите и производите
  • Презентирани на Google преку објавување на нови и промотивни производи, со цел привлекување на нови купувачи.

Запознајте се со проектот Мега Куманово, од удобноста на Вашиот мобилен уред или персонален компјутер.

Доколку сметате дека и на Вашата локација и е потребен овој начин на промоција, контактирајте нѐ!

Виртуелна посета на Мега во Скопје

Позиционирање и верификација на Google Maps на Мега во Скопје

Виртуелна посета на Мега во Куманово

Позиционирање и верификација на Google Maps на Мега во Куманово

Виртуелна посета на Стовариште Мега во Куманово

Позиционирање и верификација на Google Maps на Стовариште Мега во Куманово

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment