Optika Prizma

Информации за проектот

Оптика Призма е најновата бизнис локација, претставена на Google. Новоотворена оптика во Аеродром (населба Ново Лисиче), Призма е локација на која и беа неопходни “Google Business” сервисите.

Оптика Призма е создадена од сопственичката структура која повеќе од 15 години се занимава со оптичарска дејност. Аквизирајќи искуство и унапредувајќи се во полето на оптометријата, тие одлучуваат да започнат сопствен бизнис. Главната определба на тимот на Призма е да понуди соодветно решение за потребите на своите посетители и клиенти.

За Призма:

Оптика Призма нуди изработка на оптички стакла според рецепт издаден од Вашиот офталмолог. Достапен е огромен избор на оптички рамки (машки, женски и детски) за сечиј вкус и потреба.

Покрај оптичките помагала, Призма нуди и голем избор на сончеви очила.

Застапени се повеќе реномирани брендови како:

– Police
– Guess
– Exess
– Just Cavalli
– Timberland
– Polaroid
– Tom Ford
– Carrera
– Pierre Cardin
– Swarovski
– Ray Ban

Оптика Призма ги нуди следниве услуги:

  • Проверка на Вашиот вид – вршат проверка на видот и Вашата диоптрија со најсовремени методи и компјутерска апаратура
  • Поправка на Вашите очила и очни помагала – доколку имате проблем со Вашите очила, тие се на располагање да Ви помогнат
  • Изработка на оптички стакла – донесете го Вашиот рецепт или Вашите очила, а тие ќе изработат оптички стакла со Вашиот диоптер. Користат најсовремена машина за обработка на оптички стакла
  • Статично затемнување на оптички стакла – доколку имате потреба од користење на диоптерски стакла преку целиот ден, во Призма можете да добиете статично затемнување со УВ заштита на Вашите диоптерски стакла
  • Бесплатни совети како да го заштитите Вашиот вид – нивниот оптометрист контактолог ќе Ве советува како најдобро да го заштитите Вашиот вид и да превенириате прогресија на диоптерот

Менаџментот на Оптика Призма ја препозна потребата од соодветно присуство на Google.

Како нова оптика во Скопје, тие веднаш знаеја дека е неопходно да бидат полесно достапни на Google Maps и Google Search.

За таа цел, не ангажираа нас, а нашиот тим се погрижи да:

  • Призма биде позиционирана на Google Maps и достапна на Google Search
  • да бидат објавени сите основни и подетални информации на Google за производите и услугите на Призма
  • локацијата да биде верификувана и оптимизирана со цел да бидат опфатени сите клучни зборови кои корисниците на Google ги употребуваат секојдневно
  • да бидат објавени фотографии од ентериерот и екстериерот на Призма. Фотографиите ќе на доловат карактеристичноста и препознатливоста на оваа бизнис локација
  • да бидат објавени фотографии од производи, услуги и промоции. Овие фотографии ќе ја издвојат Призма од конкуренцијата и сликовите ќе ја претстават.
  • биде достапна виртуелна посета на локацијата. Како нова локација, Призма има потреба да се претстави на своите потенцијални клиенти виртуелно, и да изгради доверба со истите.

Повелете во Оптика Призма, пред да се појавите таму. Запознајте се со местоположбата, дознајте како изгледа и почуствувајте ја атмосферата виртуелно!

Доколку сметате дека и Вашата бизнис локација треба да биде претставена на овој начин, побарајте нe’!

Виртуелна посета

Локацијата на Оптика Призма, достапна на Google Maps

Leave Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

clear formSubmit