Информации за проектот

Што е Google Street View? 

„Google Street View“ или „Google“ уличен приказ е единствена и уникатна опција на интернетот.

Во веќе далечната 2007 година, Google одлучи да го доближи и презентира голем дел светот. Беше создаден уникатен начин на приказ на улици, патишта, автопатишта, планински превои, плажи, резервати па се до приказ на вселенска станица. Оваа опција стана достапна за секој корисник на интернетот во светот. Стана неизбежна алатка за секој оној кој сака да патува некаде, со цел да ја запознае областа од интерес – виртуелно, уште пред да се појави таму. Проектот прв пат беше лансиран во САД.

Уличниот приказ во Македонија беше снимен во 2014та а објавен во 2015та година

Голем дел од нашата земја беше опфатен со овој проект. За жал еден значаен дел, воопшто нема Street View. На пример Гевгелија како град кој е најпосетуван од странци преку целата година, воопшто нема Street View. Или Крушево, Струга и дел од Охрид (на потегот од Билјанини Извори па се до Свети Наум), како значајни туристички центри немаат Street View. Тука се и Штип, Гостивар, Кичево, Кочани кои важата за поголеми градови а се исто така недостапни на Street View.

Од тогаш, па се до денес, не постојат податоци за ажурирани снимки. За жал, на ниедна официјална страница на Google не постои најава за ново снимање или преснимување. Тоа остава лош впечаток кај Google корсниците. Тие не се во можност да се информираат за одредено место или област, односно како тоа изгледа после 6 години. На пример, центарот на нашиот главен град на Google Street View, изгледа како едно големо градилиште. Или голем дел од бизнис локациите, кои тогаш не постоеле, сега не се достапни на Street View. Тука се и оние бизнис локации кои од тогаш претрпиле промени во изгледот, или пак дел веќе воопшто не постојат.

Сега, тимот на SeeInsideMK е во можност да го стори тоа!

Присутни сме на Google сцената од 2015та година. Акивно работиме на промовирање на локации преку најкористената алатка за интернет пребарувања во светот. Досега имаме опфатено преку 400 локации на Балканот, со нашите Google услуги. Присутни сме во С. Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Грција.

Нашата дедицираност и адаптација кон новите трендови, ни овозможи да стигнеме до нивото каде можеме да снимаме и објавуваме Street View!

Тимот е сега опремен со нова и софтицирана опрема, за конкретната намена. Знаењето е максимално надградено, а искуството доста проширено.

За нашите клиенти, овозможивме снимање и/ или ажурирање на Уличниот Приказ на Google, онаму каде тие сакаат:

„Street View“ или Уличен Приказ на „Rruga Muharrem Fejza“ во Приштина - официјално ПРВИОТ STREET VIEW во Косово!

Првиот „Street View” во Косово, изработен за потребите на клиентот Ina Beauty.

Ina Beauty е нов и модерен салон за убавина во Приштина. Потребно беше да им покажеме на клиентите каде можат да го најдат, и како да стигнат до него.

Уличниот приказ почнавме да го снимаме од добро познато обележје во Приштина (кружен тек). Преку приказот можете да се движите до локацијата на Ina Beauty.

Бидејќи снимањето на уличниот приказ беше спонзорирано од овој клиент, на истиот е поставено нивното лого. Овој приказ е сега достапен за целиот свет преку Google!

Ажуриран „Street View“ или Уличен Приказ на „Бул. Видое Смилевски Бато“ во Скопје - пред и потоа

Google Street View - Октомври 2016та на бул. Видое Смилевски Бато бр.8 во Скопје

Google Street View - Јуни 2021ва на бул. Видое Смилевски Бато бр.8 во Скопје

Ажуриран „Street View” приказ во Скопје, изработен за потребите на клиентот Оптика Призма.

На оваа локација, во 2014та не постоеше објект. Денес тука е изграден Лиса Центар, кој е нов, компактен и модерен трговски центар. Многу луѓе сеуште незнаат каде точно се наоѓа, па за таа намена изработивме нов уличен приказ.

Клиентот Оптика Призма ја препозна потребата од ажуриран уличен приказ, како начин на водење на своите клиенти до нивната локација. Новиот уличен приказ е брендиран со податоци од Оптика Призма. Достапно е нивно лого како и информации за нивните социјални медиуми и интернет страница. На овој начин, тие се презентираат на интернет корисниците преку Google.

На првиот прозорец можете да видите како изгледала локацијата во Октомври 2014та, а како таа изгледа денес.

Што да очекувате?

Нашиот тим е во можност да:

  • Снимање на „Street View“ уличен приказ (онаму каде воопшто не постои). Истиот ќе биде објавен на Google Maps и Google Earth. Тој подоцна може да се искористи за вградување на Вашата интернет страница или да се сподели како „Link“ врска преку е-пошта, објава на социјални медиуми или порака. Приказот ќе биде достапен за секој корисник на паметен телефон и компјутер со интернет врска. Уличниот приказ може да содржи Ваше лого, како и информации за Вашата интернет страна и социјални медиуми. Исто така, постои можност за “заматување“ на реклами или одредени мали делови од уличниот приказ (како на пр. рекламите на Вашата конкуренција). Ние ќе ги заматиме сите реклами од компании на учичниот приказ кои не се поврзани со Вас.
  • Ажурирње на веќе постоечки „Street View“ уличен приказ (онаму каде веќе постои). Истиот ќе биде објавен на Google Maps и Google Earth. Тој подоцна може да се искористи за вградување на Вашата интернет страница или да се сподели како „Link“ врска преку е-пошта, објава на социјални медиуми или порака. Во овој случај, корисниците на Google ќе имаат можност да го променат приказот од 2014/15 година во моменталната состојба на локацијата. Уличниот приказ може да содржи Ваше лого, како и информации за Вашата интернет страна и социјални медиуми. Исто така, постои можност за “заматување“ на реклами или одредени мали делови од уличниот приказ (како на пр. рекламите на Вашата конкуренција). Ние ќе ги заматиме сите реклами од компании на учичниот приказ кои не се поврзани со Вас.

Дали и Вашата бизнис локација има ваква потреба?

Google Street View

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment