Бензинска пумпа на Google

benzinska pumpa na google

benzinska pumpa na google

Виртуелна посета

Информации за проектот

“Gulf” светскиот познат бренд на бензински станици, достапен на Google.

Од категоријата Бензинска пумпа на Google – “Gulf” станицата на автопатот “Пријателство“ е првиот светски бренд во Република Северна Македонија, достапен да биде пронајден и посетен преку светскиот интернет пребарувач бр.1.

Нашата земја е добро позната попатна дестинација за туристи. Во 2019та, низ нашата земја, транзитот на патници се зголеми за повеќе од 30%. Факт е дека повеќе од 80% од светските патувачи, го користат Google Maps, како основна алатка за планирање на нивното патување.

Поминувајќи низ С. Македонија, користејќи го најфрекфентниот автопат во Европа (Е-75), патувачите имаат потреба од:

  • гориво за своето возило (автомобил, траилер, автобус, камион)
  • место каде ќе одморат и ќе се освежат (ресторан, кафе бар)
  • туш кабини, бесплатен интернет, маркет за кондиторски производи
  • продавница за авто козметика и резервни делови

Бензинската станица на “Gulf” на автопат Пријателство (Е-75) во Градско, го нуди токму тоа.

Бренд кој од скоро започна да отвара сѐ повеќе бензински пумпи во нашата земја. Бренд кој се позиционираше во централниот дел на нашата земја на најфрекфентниот автопат на Балканот. Тие се сега подостапни за сите оние кои транзитираат низ нашата земја.

Gulf е основан во далечната 1901 година. Дури и по 118 години, сеуште се иновативна и напредна компанија. Тие се најбрзорастечка компанија во светот на нафтените деривати, лубрикантите и маслата за возила. Во моментов оперираат во повеќе од 100 земји ширум светот.

Од лубриканти до филтри. Од производи за нега на автомобили до бензиски станици за горива на мало. Gulf нуди огромен спектар производи и услуги на територии низ целиот свет. Од многу скоро, достапни и во Република Северна Македонија.

Благодарение на посветеноста кон нивните клиенти ширум светот, беа именувани како  “Downstream Oil Company of the Year 2016 – UK” на престижниот Global Energy Oil и Gas Awards 2016.

Gulf Oil  е реномиран, признат и наградуван партнер на Вашиот бизнис.

Менаџментот на “Gulf Oil” бензинска пумпа во Гратско, во тек со дигиталните трендови…

Користењето на интернет алатките е актуелно како никогаш. Секој човек со пристап до интернетот, користи некоја алатка за пронаоѓање на потребна информација, брзо и едноставно. Докажано, најкористената интернет алатка е Google. Поконкретно, апликацијата Google Maps, која е користена од 89% од светските патувачи.

Овој факт беше доволен, менаџментот на “Gulf” да препознае потреба и потенцијал од присуството на Google Maps. На тој начин, оваа локација стана првата бензинска пумпа на светски познат бренд во нашата земја, која е достапна на Google, во целост.

Како SeeInsideMK помогна, оваа локација да биде достапна преку Google:

Нашиот тим професионално се занимава со поставување и презентирање на бизнис локации на Google. За оваа бензинска пумпа да биде соодветно достапна и презентирана на Google, ги презедовме следните активности:

  • Нивната локација беше поставена и верификувана на Google Maps и Google Search
  • Ги поставивме сите потребни информации поврзани со оваа локација, како име, адреса, телефонски број, работно време и сл…
  • Локацијата беше оптимизирана, со цел клучните зборови во пребарување на ваков тип локации, да дојдат во преден план
  • Снимивме и објавивме професионална Google виртуелна посета. Па така, потенцијалните клиенти можат да се запознаат со оваа локација во целост, пред физички да ја посетат. На овој начин, Gulf во Градско, ја гради довербата со оние кои планираат да посетат бензинска пумпа во нашата земја на Автопат Пријателство.
  • Изработивме Google стандардизирани, професионални фотографии од ентериерот, екстериерот и важните микро точки во локацијата.
  • Обезбедивме пристап за менаџментот на оваа локација, да има можност да го менаџира профилот на компанијата на Google. Преку таа платорма, постои можност за промена на податоци, како работно време, телефонски број и сл… како и да се додаваат, презентираат и објавуваат производи, услуги, настани и сл…

Посетете ја бензинска пумпа “Gulf”, на Автопат Пријателство, виртуелно:

Доколку сметате дека и Вашата компанија има потреба да биде претставена преку Google на овој начин, контактирајте нѐ!

Достапност на Google Maps

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment