Handy

Информации за проектот

“Handy” ланецот на салони за телекомуникации ги презентира своите локации во Македонија на Google. Балканскиот бренд кој потекнува од Р. Бугарија, е застапен и во Р. Србија и Р. Бугарија.

“Handy Telekom” е уште еден од партнерите на еден од најголемите оператори во земјава, Vip.

Во “Handy” можете да најдете голем избор на мобилни телефони, опрема и други електронски уреди. Некои од поважните брендови достапни во Handy се: Alcatel, LG, Nokia, HTC, Samsung, Vodafone и други.

Тие располагаат и со комплетно опремен и модерен сервис. Сервисот нуди услуги за секој мобилен уред. Брза и ефикасна дијагностика и отстранување на проблемот е нивната заложба.

Распростанети се низ цела Македонија со 26 локации.

За овој клиент беше потребно да се постават, верификуваат и оптимизираат сите локации во Македонија на Google Maps и Google Search.
Потребно беше да се постават точни податоци за секоја локација како:

  • унифициран назив/ име
  • точна адреса
  • точен контакт телефон
  • работни денови со точно работно време
  • линк до нивната интернет страница
  • можност да одговараат на коментари од нивни клиенти
  • соодветни фотографии и лого кои ја идентификуваат секоја локација
  • фотографии од нивни производи со можност за креирање објави.

Ги набројавме најважните фактори кои Google ги предложува за подобра видливост на бизниси на Maps и Search.

Тимот на SeeInsideMK тоа и го направи. Се погриживме секоја локација од тој момент да добива повеќе посети, кликови, повици, како и посети на интернет страницата на “Handy”. Сето ова веќе резултира со зголемена фрекфенција на нови и постоечки клиенти, кои благодарение на светскиот интернет пребарувач бр.1 – Google, можат многу полесно да дојдат до “Handy”

Кликнете ТУКА, и погледнете ги локациите на “Handy” низ Македонија.

Доколку сметате дека и Вашиот бизнис, и Вашите локации треба да бидат подостапни на Google, пополнете ја контакт формата веднаш под оваа објава. Нашиот тим е тука тоа да го овозможи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment