Виртуелна посета

Локација на Google Maps

Информации за проектот

MASIT ICT Chamber of Commerce на Република Македонија е првата стопанска комора, достапна на Google! Добредојдовте во МАСИТ која е стопанска комора за информатички и комуникациски технологии. Функционира како волонтерска и непрофитна институција. Основана е во 2000 година како асоцијација на иницијатива на 15те најдобри ИКТ компании на Македонија.

“MASIT ICT Chamber of Commerce” денес ја игра улогата на гласот на Македонската ИКТ Заедница. Комората претставува компании од сите ИКТ Сектори. А тие се: Софтверски и услужни ИТ компании, хардвер компании и дистрибутери, кериер и други телеком компании.

Сите активности и иницијативи на МАСИТ се остваруваат преку работни групи. Тука, сите членови можат да учествуваат со своите иницијативи. МАСИТ зема активно учество на сите настани, поврзани со ИКТ индустријата. Исто така, учествува во промоција на достигнувањата на своите членки во областа на развојот на софтвер и ИТ услугите.

Во состав на “MASIT ICT Chamber of Commerce” постои Извршна канцеларија каде работат професионалци кои се одговорни за сите активности на Комората.

ВИЗИЈА:

МАСИТ да овозможи раст на македонскиот ИКТ Бизнис Сектор. Да се бори за негова препознатливост и имиџ во земјата и странство. Преку овие активности, МАСИТ открива унапредување на македонската економија и просперитет на ИКТ индустријата.

МИСИЈА:

Оваа комора е гласот и ресурсот на конкурентниот ИКТ сектор, поддршка на економијата базирана на иновации и клучен фактор за просперитет на нацијата.

ЦЕЛИ:

  • Јавен диалог
  • Конкурентност
  • Соработка и вмрежување
  • Унапредување на извозни капацитети
  • Одржливост

Канцеларијата на “MASIT ICT Chamber of Commerce” често е посетувана и од странци. И тие ја открија потребата од добро позиционирање и лесна достапност на Google.

Во соработка со SeeInside.mk, оваа важна стопанска комора е на дофат на потенцијалните посетители.

Тие можат лесно да:

  • Ја пронајдата МАСИТ преку Google Maps и Google Search
  • Ги исконтактираат преку интернет или телефон
  • Пристигнат преку прецизна Google навигација до нивната локација
  • Да ги посетат нивните канцеларии, виртуелно!

Посетете ја и Вие!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment