Продавница за покуќнина

Виртуелна посета

Информации за проектот

“HOMAX” – продавница за покуќнина, е за нас првиот и најголем проект (објект) во Скопје, достапен на Google.

Продавница за покуќнина е секојдневна потреба на секое домаќинство. “HOMAX” се наоѓа на популарната Пластичарска улица во Скопје, сместен помеѓу многу други слични продавници. Сепак се издвојува со својата големина, внатрешнo уредување, понуда и услуга. За прв пат отворен на 4-ти Март 2018 г. тие нудат повеќе од 15.000 различни артикли и повеќе од 90 меѓународни брендови.

Од своето богато портфолио, тие ќе издвојат:

  • Бохемиа
  • Осветлување
  • Додатни елементи за електрика
  • Апарати за домаќинство
  • Кујнски аксесоари
  • Разни декорации
  • Текстил
  • Мебел
  • Аксесоари за бањи и спални соби

Друг фактор кој ја издвојува оваа продавница за покуќнина – “HOMAX” од својата конкуренција е нивната “Online” Продавница. Достапна, прегледна и лесна за користење за секого. А испораката до дома, ќе Ви овозможи повеќе време за Вашите обврски. Услужливиот и високопрофесионален кадар е секогаш подготвен да одговори на Вашите барања.

Менаџментот на “HOMAX” ја препозна потребата од полесна достапност на интернетот. За таа цел, тие одлучија нивниот бизнис да биде поставен на Google. На овој начин, сите потенцијални купувачи можат многу лесно да ги пронајдата.
Исто така, купувачите полесно ќе ја посетат и нивната “Online” продавница, а виртуелната посета изработена од SeeInside.Мk ќе им овозможи да ја посетат локацијата виртуелно од било каде во светот.

Поставени, верификувани, оптимизирани, објавени голем број на фотографии, со достапна виртуелна посета и обезбеден пристап кон Google Business платформата. Менаџментот на “HOMAX” може да ги следи аналитиките обезбедени од Google, за “Online” интересот за нивната локација.

Следејќи ги светските трендови на “Online” присуство, “HOMAX” ја презентира својата локација виртуелно и на својата Facebook и интернет страница.

Посетете го “HOMAX” и Вие виртуелно, од удобноста на Вашите интернет уреди. Запознајте се со локацијата, создадете го своето очекување, и одлучете се да ги посетите во нивниот продажен салон. Тоа го овозможува Google преку Maps и Search!

Позиционирање и верификација на Google Maps

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment