Информации за проектот

Спомен Куќата на Тоше Проески претставува проект кој спаѓа во категоријата уникатни и грандиозни објекти, посветен на ликот и делото на најголемата музичка ѕвезда во Македонија и пошироко – Тодор (Тоше) Пороески.

Првично објавен како предлог проект во 2008 година, на кој камен темелникот беше поставен во почетокот на 2009, овој споменик беше пуштен во употреба во 2011та година.

Двете главни карактеристики кои го прават овој проект препознатлив, карактеристичен, различен, се специфичните движења: полно и празно, светлина и темнина, цврсто и меко. Материјализација на објектот е направена со поделба на контурите на објектот во две силуети: затворен – голем и отворен – стакло. Конструктивно решение кое се примени на објектот користи два типа конструкции: бетонскa за делот за поголемата (цврста) коцка, и челична конструкција за помалата (транспарентна) коцка. Јадрото на структурата е масивен а другиот дел спротивно на тоа е целосно транспарентна површина.

Отворен е за сите љубители и обожаватели на Тоше, почитувачи на ликот и делото, како и за оние кои сакаат да го доживеат одблиску животот кој Тоше го водеше.

Нашиот тим (како големи почитувачи на ликот и делото на Тоше) се погрижи оваа локација да биде соодветно поставена на Google, да биде верификувана и оптимизирана со овозможен пристап до менаџментот на установата, објавивме линк до интернет страницата, поставивме телефонски број со цел посетителите да се обратат за повеќе детали, и го објавивме работното време на локацијата, со цел корисниците на Google  да знаат кога можат да го посетат. Тимот исто така изработи и виртуелна посета, која овозможува прошетка низ објектот преку Google, како заинтересираните потенцијални посетители би знаеле што да очекуваат.

Посетете ја Спомен Куќата на Тоше Проески и Вие, пред да се појавите таму, од удобноста на Вашиот персонален компјутер или мобилен уред.

Виртуелна тура

Поставување, верификација и оптимизација на Google Maps

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment