Спорт М

Информации за проектот

Спорт М – најпознатиот македонски бренд за спортска опрема, присутен и на Google!  Спорт М е компанија основана во 2004 година. Создадена е целосно со домашен капитал. Во моментов работи само на територијата на Р. Македонија.

Основна дејност на оваа компанија е увоз, извоз, дистрибуција и продажба на спортска опрема. Компанијата е ексклузивен дистрибутер на “Adidas” за Македонија уште од 2006 година.

Овој македонски бренд претставува водечка малопродажна мрежа за спортска опрема во Македонија.

Покрај “Adidas”, Спорт М е застапник и за следните светски брендови:

  • Puma
  • Salomon
  • Atomic
  • Speedo
  • 4F
  • Outhorn
  • Color Kids

… а ги дистрибуира и следниве брендови:

  • Nike
  • Lacoste
  • Vans
  • Timberland
  • Under Armor
  • … и други

Малопродажната мрежа е сочинета од 27 ексклузивни продавници.

Со цел нивните локации да бидат полесно пронајдени преку Google, тимот на SeeInsideMK, се погрижи сите да:

  • Бидат поставени на Google Maps и Google Search
  • Верификувани со обезбеден пристап за менаџментот до истите
  • Оптимизирани за полесна интеграција во Google платформите
  • Поставени сите точни податоци (име, адреса, телефонски број, работно време)
  • Поставено лого и соодветни фотографии за сите локации
  • Презентирани 2 од најексклузивните локации преку Виртуелна Посета на Google

Маркетинг менаџментот на компанијата сега има можност да го менаџира “Google My Business” профилот на компанијата.

Во секое време тие можат да променат податоци, објават фотографии или видеа, да одговараат на рецензии од клиентите или да објавуваат промоции, понуди, новости и слично.

За тимот на SeeInsideMK ова е уште една ексклузивна соработка. Препознавањето на нашата услуга и квалитет од бренд како Спорт М е нашето најголемо мото да продолжиме посилно од било кога.

Резултатите од Google услугата се веќе видливи, а оваа комапнија го потврдува тоа. За кратко време локациите на Спорт М ќе бидат достапни помеѓу првите резултати за пребарување по клучни зборови.

Доколку сакате и Вашата компанија или бренд да ги исползи бенефитите од Google, контактирајте не!

Виртуелна посета на Спорт М во ГТЦ

Виртуелна посета на Adidas Shop во ГТЦ

Позиционирање и верификација на Спорт М ГТЦ на Google Maps

Позиционирање и верификација на Adidas Shop во ГТЦ

Поставување на сите локации на Спорт М низ Македонија

Спорт М

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment