DM Drogerie Markt

Информации за проектот

“DM Drogerie Markt” – Штип, Македонија достапен на Google, како дел од германскиот бренд за козметика во Македонија. На нашае огромно задоволство, склучивме соработка со уште еден светски бренд.

Интернационално признати:

“DM Drogerie Markt” е познат како еден од најголемите ланци на дрогерии во Европа. Првата дрогерија е отворена уште во 1973 г. во Германија. Денес “DM” во својот ланце, брои повеќе од 3.500 продавници во 12 држави во Европа. Првата продавница во Македонија е отворена во 2012 година. До денес, во Македонија постојат 14 локации. А нивна цел е да отворат продавници ширум цела Македонија.

Вработени:

Во целата “DM” групација работат преку 60.000 вработени, за кои е обезбедено креативно и сигурно работно место. Во Македонија, “DM Drogerie Markt” брои скоро 100 вработени. Со поддршка на тимот од Србија тие успешно и беспрекорно ги остваруваат поставените цели.

Број 1 кај купувачите во Европа:

Во асортиманот на “DM Drogerie Markt” се опфатени топ актуелни производи од разновидни асортимани. Примарна улога има асортиманот на производи за убавина. Следат асортиманите на здрава храна, производи за бебиња, домаќинство, фото опрема и услуга. Дополнително, достапен е асортиман и на храна за миленичиња, сезонски и текстилни производи. Уште една силна карактеристика на асортиманот е сопствената “dm” марка.

Македонскиот менаџмент на “DM Drogerie Markt” ја позна потребата од соодветно присуство на нивните локации на Google. За таа цел тие одлучија да го ангажираат тимот на SeeInside.mk. Бевме ангажирани да се погрижиме за сите нивни локации да бидат соодветно:

  • Поставени на Google Maps и Google Search
  • Верификувани
  • Оптимизирани за полесно пребарување и пронаоѓање на Google
  • Поставени точни податоци како адреса, телефонски број, работно време и сл…

Имавме задовоство да снимиме виртуелна посета за нивната последно отворена локација во Штип.

Сега “DM Drogerie Markt” – Штип, е достапна да биде посетена од било каде во светот преку најкористената алатка за пребарување – Google Maps.

Виртуелна посета

Локација на Google Maps

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment