Информации за проектот

Винарија ТИКВЕШ – Кавадарци, Македонија, е најголемата винарија на Балканот и пошироко. На чест и огромно задоволство na тимот на SeeInsideMK достапна за секој интернет корисник оваа локација сега е снимена и објавена на Google платформите.

Винарската визба „Тиквеш“ нуди целосно уживање за оние кои сакаат да се нурнат во убавините на светот на виното. Тие се прикажани преку историјата на визбата и прошетка низ винскиот подрум. Може да го почувствуваат духот и карактерот на поднебјето со дегустација на врвните вина на „Тиквеш“. Посетителите можат да ги откријат тајните на мајсторите за вино на винарницата со најдолга традиција во овој дел од Европа и да уживаат во примамливи комбинации на храна и вино.

Винарската визба „Тиквеш“ спаѓа меѓу ретките винарници кои нудат огромна разновидност за посетителите што ќе одберат да ја запознаат одблизу. Посетата започнува со 30-минутна прошетка. Во неа следи запознавање на начинот на производство и технологијата применета од „Тиквеш“, во создавањето на своите уникатни вина. Современата опрема за производство ги отсликува неодамнешните инвестициски зафати и визијата за развој на винарницата. Секој поединечен дел од дабовите буриња сместени во винскиот подрум раскажува за изминатите берби, предизвиците и успесите кои ја градат фасцинантната приказна за „Тиквеш“.

Впечатоците од посетата се комплетираат со дегустација на вината во ресторанот. Тој е сместен во подземниот дел од винарницата, каде тимот на „Тиквеш“ ќе ве води низ магичниот свет на вкусови на врвната кујна и вино, идеално споени за заокружување на ова уникатно доживување.

Македонија зема се поголем замав во промовирањето на квалитетната понуда на вино. А Повардарието станува се поатрактивна дестинација за Вински Туризам.

Светските конзументи на квалитетното вино произведено во оваа винарија, сега имаат можност да дознаат каде се произведува нивниот омилен пијалак. Тие можат да ја посетат локацијата вируелно, и да се уверат во автентичноста на овој производител.

Посетете ја и Вие од Вашиот мобилен уред или персонален компјутер.

Виртуелна тура

Позиционирање и верификација на Google Maps

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment